Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јеменските Хути ја презедоа одговорноста за нападот на аеродромот во Ријад

/

Свет

Сподели преку :

Јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, ја презедоа одговорноста за нападот врз меѓународниот аеродром во Ријад, во кој загинаа 12 лица, а повеќе од 300 беа повредени. Ова го соопшти портпаролот на војската на Хутите, Јахја Сареа кои изјави дека  вооружените сили спровеле четири квалитативни операции во текот на изминатите 24 часа користејќи голем број балистички и крилести ракети, како и беспилотни летала.
„Првата операција беше насочена кон аеродромот „Крал Халид“ во Ријад во три фази, почнувајќи од завчеравечер, што резултираше со прекин на воздушната навигација на аеродромот и негово целосно затворање. Втората операција беше насочена кон гасната фабрика „Шајба“ на „Арамко“ во Источната покраина. Нападот беше прецизен, фала му на Бога, и предизвика масовни пожари на целната локација“ , рече тој.
 Меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад, Саудиска Арабија, останува затворен по нападот во саботата, најсмртоносниот таков напад врз кралството во повеќе од една деценија.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија во Јемен соопшти дека „неидентификуван проектил“ го погодил и меѓународниот аеродром во Ријад во неделата, предизвикувајќи пожар, неколку часа откако Хутите ги предупредија авиокомпаниите и патниците да се држат подалеку од саудиските аеродроми.