Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел бесен за доделувањето на Нобеловата награда за мир на Нави Пилај

/

Свет

Сподели преку :

Израел остро го критикуваше доделувањето на Нобеловата награда за мир на јужноафриканската адвокатка Наванетем „Нави“ Пилај.

„Доколку постоеше награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај немаше да биде само кандидат. Таа ќе беше лидер“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата X.

Министерството за надворешни работи на Израел соопшти дека Нобеловиот комитет „ја наградил најголемата лага на 21 век“, повторувајќи го неодамнешниот одговор на премиерот Бенјамин Нетанјаху на обвинувањата дека неговата земја извршила геноцид во Појасот Газа.

„Јозеф Гебелс сигурно аплаудира од пеколот“, се додава во објавата, осврнувајќи се на министерот за пропаганда на нацистичка Германија.

Пилај неодамна претседаваше со истрага на ОН која го обвини Израел за геноцид во Појасот Газа во 2025 година.

Јужнoафриканката Нави Пилај денеска ја доби  Нобеловата награда за мир поради нејзината долгогодишна работа во одбрана на меѓународното право и за нејзиниот придонес кон повикувањето на одговорност на сторителите на воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид.

Норвешкиот Нобелов комитет објави дека Нобеловата награда за мир за 2026 година ѝ се доделува на Наванатем “Нави“ Пилај за нејзиниот значаен придонес кон зајакнувањето на меѓународното право и промовирањето на мирот.

Поранешната судијка на МКС и адвокатка на Нелсон Мандела – Нави Пилај ја доби Нобеловата награда за мир

Јужнoафриканката Нави Пилај за нејзината долгогодишна работа во одбрана на меѓународното право и за нејзиниот придонес кон повикувањето на одговорност на сторителите на воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид е добитничка на Нобеловата награда за мир. Норвешкиот Нобелов комитет објави дека Нобеловата награда за мир за 2026 година ѝ се доделува на Наванатем “Нави“… Продолжи со читање

telma.com.mk