Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане за убиства на четири жени и за два обиди за убиства

/

Македонија

Сподели преку :

Трајко Бојковски е осуден на доживотен затвор. Судот го прогласи за виновен за убиства на четири жени и за два обиди за убиство.

Тој има право да ја обжали пресудата. Бојковски е обвинет за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска, и дека се обидел да ги убие Росанка Трајковска и Слоботка Арсовска.

За време на сведочењата, Бојковски призна дека  убил три жени и призна дека други две се обидел да ги убие.

За разлика од првото судење кога Бојковски гледаше во таван, пресудата сега ја слушаше со наведната глава.

Според обвинението тој убивал од некрофилски причини, делувал повеќе од една година, а беше откриен откако ја уби својата последна жртва за која беше побарана обдукција.

Навидум бил мирен овчар во Нагоричане, но во исто време ги демнел жените кои живееле сами, биле стари и изнемоштени, ги давел до смрт, па ги силувал.

(Видео/Фото) Обвинетиот сериски убиец молчи и гледа во таван – роднини на убиените жени велат се преправа дека е луд

Во преполна судница со роднини на убиените жени започна судењето за серискиот убиец од Старо Нагоричане Трајче Бојковски, кој одговора за 4 убиства и два обидa за убиство. Тој беше доведен во судница со полициска придружба, и откога влезе во судница молчи и гледа нагоре. Одби да одговори на прашањето на судијата за неговите лични… Продолжи со читање

telma.com.mk

 

Jumbo 2