Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пентагон сака да ја пренесува во живо првата егзекуција на американски војник осуден за терористички напад

/

Свет

Сподели преку :

Американската армија ќе ја изврши првата егзекуција со стрелање по повеќе од 60 години, но министерот за одбрана Пит Хегсет отиде уште подалеку, порачувајќи дека таа ќе биде емитувана во живо. Поранешниот мајор и армиски психијатар Хасан Нидал, во 2009 година уби 13 американски војници во армиски воен објект во воената база Форт Худ, во Тексас, кој до денешен ден претставува најкрвав терористички напад врз воени цели на американска територија. Воен трибунал го осуди на смртна казна уште во 2013 година.

Без размислување, ќе биде погубен со стрелање. Армиски мајор кој ја предаде својата земја, радикален исламист убива повеќе Американци во Форт Худ, секако дека егзекуцијата ќе биде во Форт Худ, изјави хегсет.

Доколку навистина погубувањето биде емитувано, тоа ќе биде прва јавна егзекуција во Соединетите држави по повеќе од 100 години, и ќе им се приклучи на Иран, Авганистан и Северна Кореја, кои се единствените држави во светот кои спроведуваат јавно извршување на смртни казни.

Ова беше радикален исламистички напад во униформа на армијата, и затоа ќе добие стрелачки одред од војници, како што треба. И ќе се осигуриме дека луѓето ќе можат да ја гледаат, ќе биде јавна, бидејќи луѓето треба да сфатат дека има сериозни последици за ваквите работи, порача хегсет.

Стрелањето било побарано од Хегсет, а негова е и иницијативата тоа да биде пренесувано во живо, иако експертите се поделени во толкувањата дали американските закони дозволуваат такво нешто.

Стрелањето е прилично невообичаен медот за спроведување на смртна казна во Соединетите држави, иако законски тоа е еден од седумте законски достапни методи за спроведување егзекуции во Америка.

Стрелањето беше најпопуларниот метод на егзекуции во армијата, заедно со бесењето. Но со тек на време беше напуштено, бидејќи стрелањето генерално беше напуштено, рече професроката по право на универзитетот фордхам, дебора дено.

Според американските медиуми, последната смртна казна во армијата била извршена во 1961 година, по наредба на тогашниот претседател Двајт Ајзенхауер, и бил погубен американски војник за силување 11 годишно девојче во Австрија. Последната егзекуција со стрелање била извршена уште во текот на втората светска војна во 1945 година, кога бил погубен дезертерот Едвард Словик во Франција.

Игор Трајков