Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Левица: За чии приватни интереси се раскопува Паркот на франкофонијата – зошто молчи Општина Центар?

/

Македонија

Сподели преку :

„Од лице место, преку наши активисти, добивме информации, фотографии и видеоснимки на кои јасно се гледа дека во Паркот на франкофонијата, една од ретките преостанати зелени површини во централното градско подрачје, се вршат ископувања со тешка механизација. Според информациите што ги добивме од терен, се работи за зафат поврзан со изведба на приватен водоводен приклучок за угостителски објект поврзан со „Рагуза“, при што се планира траса од околу 200 метри низ јавниот простор“, се4 вели во денешното соопштение од Левица.

– Нашата советничка група веднаш по добивањето на сознанијата телефонски ги алармираше надлежните инспектори во Општина Центар и побара итно постапување и проверка на состојбата на терен. Додека граѓаните на Центар со години сведочат на намалување на зелените површини, узурпација на јавниот простор и негово потчинување на интересите на поединци, сега се поставува уште едно клучно прашање: како е можно јавен парк да се прекопува за потребите на приватен деловен субјект?, прашуваат од партијата.

Левица јавно го повикуваме градоначалникот Герасимовски да одговори:
• Дали Општина Центар била информирана за ископувањата?
• Дали издала каква било согласност или дозвола?
• Дали, по телефонското алармирање од советничката група, општинските инспектори излегле на терен?
• Кој го нарачал и финансира овој зафат?
• Дали се загрозени дрвјата и зеленилото и кој ќе ја плати санацијата на паркот?

Доколку надлежноста за конкретниот зафат е на Град Скопје, тоа не ја ослободува Општина Центар од обврската да го штити јавниот простор на својата територија, ниту од обврската да бара итно постапување од сите надлежни институции, велат од партијата.

Jumbo 2