Демократската Унија за Интеграција бара целосно расветлување на случајот со двајцата млади на возраст од 21 и 23 години, кои, според нивните изјави, биле брутално малтретирани од полицијата.
Според информациите, во интерниот полициски извештај се тврди дека младите му го одзеле пиштолот на еден полициски службеник, додека, според нивните изјави, оружјето завршило во нивното возило откако полицијата им го скршила стаклото. Тие, исто така, изјавуваат дека полицајците пукале со огнено оружје, им ги дупнале гумите на возилото, а потоа ги малтретирале, откако им ги врзале рацете и ги легнале на земја.

Од ДУИ бараат итна истрага за целосно расветлување на настанот, како и одговорност за секое прекршување од страна на полициските службеници и бара оставка од Заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени.













