Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спасеновски во ВИН ВИН: Радев е архитектот на најновиот развој на односите со Македонија – возржаноста е резултат на политичката предизборна кампања за претседател

/

Македонија

Сподели преку :

Во вечерашната емисија ВИН ВИН Оливера Трајковска, дебатира со универзитетскиот професор Александар Спасеновски и извршен директор на Институтот „Преспа“, Андреј Стојковски околу денешната средба на македонскиот шеф на дипломатијата Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи Петрова Чамова во Софија.

  • Самиот бугарски премиер Румен Радев е архитектот на најновиот развој на односите со Македонија заради тоа што помина еден подолг период во кој во Бугарија се одржуваа повеќе изборни циклуси, тој беше единствената институција со силен легитимитет која што ја креираше стратегијата на Бугарија, рече Спасеновски.

Според него она кое што како нова околност може да се обележи е дека постои еден вид на воздржаност од бугарска страна и еден обид да не се влијае негативно околу политичките состојби во Македонија.

  • Од друга страна пак на крајот од овој месец Бугарија одржува нови избори овој пат за претседател и сосема е логично во предизборната кампања политичката тензија малку да е понаелектризирана. И во ситуација кога партијата на Румен Радев се надева дека ќе го заземе претседателското и потпретседателското столче да биде внимателна и да не презема чекори кои би можеле евентуално да го нарушат тој изборен резултат. Од тука ја гледам оваа воздржаност од страна на Бугарија и постојаното повторување од страна на министерката Петрова Чамова дека оваа средба се одржува не заради тоа што Бугарија иницирала или советувала такво нешто туку дека Македонија побарала. Тоа беше нагласено во неколку наврати во текот на денешните изјави, рече Спасеновски.
Jumbo 2