Обвинителството соопшти дека ги затвора предметот за таканаречената шпионска афера во претседателскиот кабинет на Силјановска откако ни биле утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот.
Предистрагата почна лани пред Нова Година, а осомничен беше пензиониран армиски специјалец кој повеќе години бил ангажиран на одржување на компјутерскиот систем во Претседателот.
Според извештаите на Секторот за компјутерски криминал при МВР, не се утврдени дигитални траги или други форензички показатели за неовластено навлегување во компјутерскиот систем, ниту се пронајдени докази за снимање и прибирање класифицирани податоци, соопшти обвинителството.
- При анализите се констатирани одредени безбедносни и административни слабости во конфигурацијата на системот, кои можеле да претставуваат потенцијален безбедносен ризик, но не биле утврдени дигитални докази за извршување на пријавените кривични дела, стои во соопштението на обвинителството кое ја затвори истрагата за оддавање државна тајна и Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. За случајот јавноста дозна во втората половина на мај, а имаше шпекулации дека случајот е отворен во кавга меѓу двајца припадници во претседателскиот кабинет.
По спроведена предистражна постапка во однос на наводите од поднесената кривична пријава со сомненија за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на Република Северна Македонија и неовластено прибирање податоци, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Резолуција со која оцени дека нема основ за натамошно јавнообвинителско постапување
Како што соопштува Јавното обвинителство во текот на постапката, со наредба од Основниот кривичен суд била обезбедена компјутерска опрема врз која се извршени информатичко-форензички анализи. Беа анализирани и податоци од мобилни уреди и беа прибрани и известувања од лица запознаени со настанот.
Според извештаите на Секторот за компјутерски криминал при МВР, не се утврдени дигитални траги или други форензички показатели за неовластено навлегување во компјутерскиот систем, ниту се пронајдени докази за снимање и прибирање класифицирани податоци.
При анализите се констатирани одредени безбедносни и административни слабости во конфигурацијата на системот, кои можеле да претставуваат потенцијален безбедносен ризик, но не биле утврдени дигитални докази за извршување на пријавените кривични дела.
По оценка на сите прибрани докази, надлежниот јавен обвинител утврди дека не се исполнети законските обележја на кривичните дела „Оддавање државна тајна“ од член 317 и „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ од член 251 од Кривичниот законик, ниту пак на друго кривично дело кое се гони по службена должност, соопшти Јавното обвинителство.













