Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сведок: ВЛТ апаратите и денеска се наоѓаат во магацините на Лотарија, не знам зошто не се ставени во употреба

/

Македонија

Сподели преку :

На денешното судење за злоупотреби во Државна Лотарија, каде обвинети се екс вицепремиерот Артан Груби, поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами и уште шест други лица, сведочеше Александар Андонов, директор на секторот за спречување перење пари и финансирање тероризам во Државна Лотарија.

Андонов беше член на Комисијата за спроведување на постапката за јавна набавка на ВЛТ терминали. Тој објасни дека комисијата имала шест членови и била поделена на две комисии, едната за формално-правниот дел од постапката, а другата за дали понудените терминали ги исполнувале условите од спецификацијата.

На јавната набавка пристигнале три понуди. По спроведената евалуација бил изготвен записник и извештај, по што била донесена одлука за избор на најповолен понудувач. Потоа биле склучени договори. Тој посочи дека ВЛТ апаратите и денес се наоѓаат во магацините на Државна Лотарија и не се ставени во употреба.

Од надлежниот сектор биле доставени барања до УЈП и Министерството за финансии за добивање на соодветни решенија, но Андонов не можеше да каже какви одлуки биле донесени, ниту зошто апаратите не биле пуштени во употреба.

„Не знам да кажам зошто овие ВЛТ апарати не се ставени во употреба“, сведочеше Андонов.

Jumbo 2