Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мајката на судијата Ристов: Не ги броев паричките, но ќе ги пикнев во дупчето од циглите, кога ќе се стеснеше, во друго

/

Македонија

Сподели преку :

Денеска во Кривичниот суд сведочеше Донка Ристов, мајка на апелациониот судија Ѓоко Ристов, на судењето за случајот со 350.000 евра пронајдени при претрес во домот на неговите родители.

Ристов пред судот раскажа дека парите ги чувала со децении, скриени зад работната маса и фрижидерот. Таа наведе дека при претресот првиот ден полицијата не ги пронашла парите, но дека при повторниот претрес следниот ден биле откриени.

„Таму си најдов згодно место, не од сега, не од лани, туку од 1975 година. Што ќе ми останеше некоја паричка, ќе отворев една плочка, како прозорче, и во фолија си ги ставав паричките, колку ќе имав толку“, сведочеше Ристова.

Според нејзиното сведочење, во скриеното место имало вкупно 350.000 евра. Од нив, 250.000 евра биле во апоени од 50 евра, додека останатите 100.000 евра биле во апоени од 500 и 100 евра.

Таа пред судот кажа дека парите биле заштеда на неа и нејзиниот сопруг и дека никој друг не знаел за нив.

„Никој не знаеше, тоа беше мое лично и на сопругот“, рече Ристова.

Мајката на судијата Ристов изјави дека парите ги заработувала од продажба на земјоделски производи. По продажбата, како што кажа, купувала девизи и ги чувала во скриените места во куќата.

„Не ги броев, но ќе ги пикнев во дупчето од циглите. Кога ќе се стеснеше, во друго“, рече таа.

Jumbo 2