Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето против поранешниот апелациски судија Ѓоко Ристов. Треба да сведочат родителите на судијата во чиј семеен дом во Неготино беа пронајдени заѕидани 350.000 евра.
На претходното рочиште сведочеше поранешниот правобранител Фехми Стафа, кој негираше дека примил 20.000 евра за да влијае врз Ристов да му биде укинат притворот на Љупчо Пецов.
Стафа, кој веќе издржува затворска казна од 15 месеци, тврдеше дека парите биле адвокатска награда и заем, и не биле наменети за Ристов.ж
Тој исто така обвини дека истражители го малтретирале и дека обвинителката Искра Хаџи Василева барала од него да даде лажен исказ. Обвинителството го оспорува кредибилитетот на Стафа, посочувајќи дека станува збор за правосилно осуден сведок, но и дека располага со материјални и електронски докази.
Одбраната, пак, смета дека обвинението не понудило доволно издржани докази. И двете страни го предложија Љупчо Пецов како сведок, но дополнително ќе биде одлучено дали и кога тој ќе се појави во судница.













