Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведен 32-годишен скопјанец, осомничен за кражба на 12 велосипеди

/

Македонија

Сподели преку :

Лишен е  од слобода 32-годишен скопјанец, осомничен дека извршил повеќе тешки кражби на велосипеди на различни локации во градот. Осомничениот  Ѓ.П. бил приведен на подрачјето на општина Гази Баба.

Според полицијата, тој се сомничи дека кражбите ги извршил на подрачјата на општините Аеродром, Центар и Кисела Вода. Од различни локации одземени се 12 велосипеди, а дел се веќе вратени на нивните сопственици.

По целосно документирање на случаите, ЕВР Аеродром и Драчево против 32-годишникот ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Jumbo 2