Словенечкиот перкусионист , тапанар и композитор Златко Каучич со неговиот состав Комбо БЦ, ќе го отвори 45. издание на Скопскиот џез фестивал, на 15 октомври во Националната опера и балет. До 18 октомври, кога ќе заврши фестивалот, ќе бидат изведени 9 концерти со учество на музичари кои творат во духот на современиот џез, експерименталната музика и електрониката. На затворањето ќе настапи познатиот француски хармоникаш Винсент Перани со неговиот квинтет „ Живо суштество“. Четирите фестивалски дена вклучуваат и три полноќни настапи во Националната опера и балет на музичари од Норвешка, собрани околу фестивалот Панкт, познат по ремикси во живо на музичките нумери . Македонски претстаник во програмата е квинтетот на контрабасистката Андреа Мирческа- добитничка на наградата за најдобар џез музичар во 2019 , доделена од Скопскиот џез фестивал.Според директорот Оливер Белопета, програма е конципирана да го задржи угледот кој што Скопскиот џез фестивал го има во Европа, да ја покаже иднината на светскиот џез и нема да и се додворува на публиката.
„Програмата практично и не води сметка за она што овдешната публика би сакала најмногу да го чуе од џезот. Затоа што секоја година она што е на програмата малку може да е познато во нашата држава. Прво, по малиот број на концерти пред сѐ странски што ги има кај нас. Потоа, затоа што еве и од овие изведувачи на кое радио, телевизија можете да ги чуете? Никаде не можете да ги чуете“, рече Оливер Белопета- директор на Скопски џез фестивал













