Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Истрага против шефот на Вишото обвинителство во Битола – во најмалку четири предмети влијаел врз судии и обвинители за помали казни

/

Македонија

Сподели преку :

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција истражува дали обвинителот Пецо Везироски кој е шеф на вишото обвинителство во Битола ургирал кај судии и обвинители за предмети.

Под истрага се најмалку четири случаи, но обвинителството не ја исклучува можноста истрагата да се прошири.

Везировски на јавноста и стана познат за неговото делување во предметот за сопственикот на Марковски Компани, но од обвинителството велат дека во првите четири кои се под истрага не е овој.

Сепак обвинителот бил прислушкуван, а од вчера во неговиот дом и канцеларија се извршени претреси па се очекува обвинителството да обебзеди уште докази. 

  • Во изминатиот период, преку повеќе дејствија и примена на посебни истражни мерки, обезбедени се докази кои упатуваат на основано сомнение дека тој го искористил своето реално влијание и службената положба што ја извршувал за недозволено да влијае врз одлучувањето на колеги јавни обвинители и судии во најмалку 4 поединечни предмети, на подрачјето на кое ја вршел својата функција. Притоа, ургирал за пониски казни или за да обезбеди поповолна позиција за осомничени или обвинети лица во кривична постапка – Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. 

Обвинителството не побара притвор за Везировски туку мерки на претпазливост. Денеска тој даде исказ пред судија на претходна постапка по што судот донесе решение дека ќе му биде одземен пасошот и доби забрана за преземање определени работни активности.

Тој е шеф на вишото обвинителство, па се уште нема одговор од Државниот обвинител на кој начин ќе функционира сега обвинителството и дали ќе му одреди привремена суспензија.

Инаку летово изби скандал со вишото обвинителство во Битола кое му го врати  пасошот на бизнисменот Борче Марковски кој е обвинет за Јавните набавки за РЕК Битола во вредност од 1,7 милиони евра.

И покрај тоа што струшкиот обвинител кој е во судскиот процес против Марковски се противел и еднаш одбил да му го врати пасошот, истиот по втор пат и после реферирањето во вишото обвинителство бил задолжен од Вишиот обвинител да донесе позитивно мислење за да му се врати пасошот на Марковски.

За ова е направен и записник а како аргумент за ваквата одлука, Вишиот обвинител навел дека марковски има дадено гаранција дека нема да бега, а и дека мора да оди во Србија за да не му се наштети на работењето на тамошните фирми. За ова се дозна откако медиумите објавија дека Марковски ја напуштил земјата, но тој се врати назад.

Билјана Николовска

Jumbo 2