Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Претреси во Вишото Јавно Обвинителство во Битола- отворена истрага за корупција против обвинител

/

Македонија

Сподели преку :

Во текот на денот е отворена истрага за корупција против јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Битола и се вршат претреси во домот и канцеларијата на осомничениот.

-Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК во моментов врши претрес во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола поради сомнение за сторени коруптивни кривични дела, кратко потврдија од МВР.

Од Обвинителството велат дека истражбите активности траат и во текот на утрешниот ден ќе има повеќе информации. Истрагата е за “Примање награда за противзаконито влијание”.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција обезбеди судски наредби за претрес на дом и службени простории на виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Претресите врз основа на обезбедените наредби ги вршат припадници на Министерството за внатрешни работи. Повеќе детали по завршување на дејствијата во текот на утрешниот ден, соопштија од Јавното обвинителство.

Нема официјални детали од надлежните дали акцијата се спроведува и во Прилеп, во дом на еден од само двајцата обвинители кои се дел од Вишото битолско обвинителство.

Обвинителите согласно законот немаат имунитет при кривичен прогон како судиите и пратениците поради што Советот на јавни обвинители не одлучува дали може да бодат приведени при истраги.

Jumbo 2