„Како тоа поранешни и високи функционери на партијата, кои што доведоа до катастрофалниот пораз во 2024 година, Андреј Петров член на штаб во една од ИЕ, Игор Ивановски којшто ја пишуваше програмата, тие излегуваат на денот кога ја објавуваме аферата со рудниците, внимавајте пет нови рудници се отвораат во регионот на Иловица, Штука и регионот на Кожув. И вториот пат баш за време на посетата на Фон дер Лајен, кога таа ја разобличува најголемата на лага на Христијан Мицкоски, која рече ‘ние ве чекаме во Европа со вашиот индентитет’“, објасни Филипче во однос на неговите сопартијци кои се активираа повторно обединети под една платформа.
- Седнуваат на маса со Левица, партијата што е против Европа, против НАТО, против Албанскиот јазик, тогаш кога срмоглаво паѓа рејтингот на Мицкоски се активираат сите „спијачи“ во СДСМ, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во „Директно со Младен“.
На забелешката дека Славјанска Петровска не е „спијач“, туку активна со бројни јавни настапи, сепак тој не сакаше да коментира.
Филипче ситакна дека претходно таа платформа имала отворени врати во партијата да дојде и да разговара, а тие ги одбиле сите понуди и немале никакви конструктивни предлози.













