Наскоро ќе објавиме анкети кои покажуваат стрмоглав пад на рејтингот ВМРО – ДПМНЕ, а ние полека ја враќаме довербата кај граѓаните, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во вечершаното издание на емисијата „Директно со Младен“.
Тој рече дека враќањето на довербата не е лесен процес, „бидејќи за да знаеме како да се справиме со одредени работи мора да ја знеме генезата на состојбата имаше лоши политички одлуки, као промена на Кривичниот законик, нездоволиво однесување на вице премиерот Артан Груби, имаше недозволиво зголемување на платите на финкционерите, имаше силна кампања на Мицкоски и ВМРО – ДПМНЕ со руско-српските влијание кои не правеа нас предавници“, истакна Филипче.
Во контекст на тоа тој рече дека државничките политики ги продадале како Преспанскиот договор, за кој Мицкоски велел дека е загрозување на идентитетот, дека ќе го поништи, како и Договорот со Бугарија.
- „Потоа дека е лоша преговарачката рамка со ЕУ и дека ќе обезбеди подобри услови и се виде дека сето тоа било лага“, рече Филипче.
За врме на кризата имаше огромен пакет на мерки и не дозволивме едно работно место да се изгуби, потсети тој.













