Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија привремено ја прекина имунизацијата против ТБЦ по случајот во Хрватска со бугарските вакцини

/

Македонија

Сподели преку :

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека надлежната Комисија за имунизација донела одлука за привремено одложување на имунизацијата со бе-се-же поради проверка на сериите што се користат кај нас, што следува по информациите од хрватските медиуми за несакани реакции од оваа вакцина коja е од ист производител.

Од МЗ потенцираат дека во изминатите десет години до МАЛМЕД е пристигната само една пријава за сомнеж на несакана реакција од оваа вакцина (во август 2022 година), која се однесувала на појава на апсцес на местото на апликација на вакцината, што како реакција е опишано во упатството за употреба на вакцината.

Хрватска ја стопира дистрибуцијата и употребата на сите серии на бе-се-же вакцини против тешките форми на туберколоза. Станува збор за вакцини на бугарскиот производител Бул Био НЦИПД Лтд од Софија, а прекинот се спроведува како мерка на претпазливост поради сомнежите за исправност на вакцините. Сите серии на ваквината на бугарскиот производител во Хрватска се употребувале од 2017 година, запирањето доаѓа по четирите пријавени случаи за остеомиелитис, ретка инфекција на коските.

Македонија е со висок ризик од туберколоза и вакцината за имунизацијата е задолжителна. Во моментот на Институтот за ТБЦ има 95 пациенти со туберкулоза, од кои 83 се од годинава, во Детската болница во Козле во 2025 се евидентирани 15 случаи, а во 2026 се евидентирани 12 нови случаи.

Jumbo 2