Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лифтовите на Интерните клиники во Државна болница поправени и вратени во функција

/

Македонија

Сподели преку :

По информацијата на Телма, лифтовите на Интерните клиники во Државната болница попладнево се вратени во функција.

Од Службата за општи и заеднички работи при Клиничкиот ценатр „Мајка Тереза“, пред малку информираа дека два лифта на Интерните клиники се поправени и ставени во функција. Од таму додаваат дека дел од лифтовите се стари и повеќе од 40 години и имаат голема секојдневна фреквенција што е причина за честите дефекти.

Интерните клиники утрово останаа без исправен лифт за пациенти, што беше проблем особено за лицата со тешка клиничка слика да стигнат со лекарски преглед. За надминување на ситуација се користел товарниот лифт.

Во Интерните клиники се сместени клиниката за Гастроентерохепатологија, клиниката за Нефрологија, за Пулмологија и Алергологија, што значи дека пациенти со различни дијагнози секојдневно одат на прегледи на овие клиники.

Ниту еден од четирите лифта на Интерни клиники во Државна болница не работи – пациенти се носат на раце

Ниту еден лифт не работи во зградата во Клиничкиот центар во која се сместени повеќе интерни клиники. Поради ова пациентите кои се со тешка клиничка слика и се во количка ги симнуваат по скали. Во зградата има четири лифта и до пред неколку дена работел само еден, но кога и тој се расипал, клиниката остана… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2