Моментно имаме стабилен пензиски систем и во таа насока ќе продолжиме и во иднина, рече премиерот Христијан Мицкоски по промоцијата на новиот извештај на Светска Банка, а по препораките на домашни експерти дека е потребно постепено зголемување на придонесот за пензиско, но и зголемување на возрасната граница за пензионирање за една година.
„Никој, апсолутно, не треба да се грижи. Директорот на пензискиот Фонд, претпоставувам, има свој став. Ние не треба секогаш да се сложуваме со ставовите на луѓето кои се дел од владата. Но, владата и јас лично цениме дека состојбата е апсолутно стабилна и сигурна и пензионерите не треба да се грижат“, изјави Мицкоски и додаде дека „парите се тука, но парите треба да се пронајдат онаму каде што се злоупотребуваат и да се насочат онаму каде што тие пари се потребни“.
С.Д.













