Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Куќниот притвор на Артан Груби истекува на 13 октомври – со 300.000 евра гаранција бара враќање и на пасошот

/

Македонија

Сподели преку :

Куќниот притвор на обвинетиот Артан Груби во предметот за Државна Лотарија истекува на 13 октормври. Како што објаснуваат од  Кривичниот суд Обвинителниот предлог, е поднесен на 13 август 2026 година, а согласно член 470 од Законот за кривичната постапка, притворот може да трае најдолго 60 дена од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог. Поради ова, по  сила на Законот, мерката куќен притвор истекува на 13 октомври 2026 година.

Покрај мерката куќен притвор,  на Груби  привремено му беше одземен пасошот што како мерка може да продолжи да важи и по истекот на законски предвидените 60 дена.

Според информации од Судот, во однос на оваа мерка на претпазливост, одбраната до Судот достави недвижен имот во вредност од 335.707 евра како гаранција дека обвинетиот ќе биде достапен на органите на прогонот во текот на кривичната постапка.

За барањето да му биде вратен пасошот и за понудената гарнција оформен е предмет кој е доставен до  обвинителството, а откако ќе добие мислење ќе одлучува Кривичниот суд.

Jumbo 2