Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не очекува ниту потврда од Софија за средбата меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугариоја, Тимчо Муцунски и Велислава Чамова Петрова.
Македонското МНР во петокот испрати покана до бугарската шефица на дипломатијата за средба за време на министерската конференција за Коридорот 8. Иницијативата од македонска страна дојде по препорака на претседетелката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен при посетата на Скопје. Во поглед на очекувањата, нагласи дека не очекува ништо.
„Ќе бидам дипломатски некоректен и ќе кажам дека очекувам некој дијалог pool aside, ние така го викаме, на коњопој и тоа е тоа“, истакна премиерот.
Прашан за работничките права, премиерот Мицкоски порача дека стекнатите треба да се почитуваат. За предвремени избори, Мицкоски рече дека нема дилема и оти власта секогаш е подготвена за соочување со волјата на народот.
С.Д.













