Приведени се две лица, а се вршат претреси на дом и лица на повеќе локации како дел од предистрагата за финансиски криминал за кој постојат основи на сомнение дека се извршени од службени лица за стекнување на противправна имотна корист од големи размери и со кои се проневерени буџетски средства во износ од речиси 1,3 милиони евра.
Според информации на Телма, станува збор за поранешна финансиска директорка на Државна лотарија, а случајот го водат скопското обвинителство и финансиската полиција.













