Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КОД: Скопскиот атентат, целта беше Глигоров и Македонија, а истрагата потфрли и влегува во 4-тата деценија без резултати

/

Македонија

Сподели преку :

“Во мрачната сторија за атентатот врз претседателот Киро Глигоров, истрагата со текот на годините прерасна во посевна сенка што се надвисна над самиот настан . Наместо да биде патото што ќе ги осветли мотивите , извршителите и позадината на нападот , таа постепено се претвори во лавиринит од недоречености , пропуштени можности и неодговорени прашања” -др. Зоран Доревски автор на книгата “Скопскиот атентат”.   

Многу траги водат кон една личност држава служба-споменувана, но до сега официјално не докажана. И по полни три децении во архиовите на истражителите ќе останат само списи фотографии и изјави -но и мерцедесот кој фаќа прашина во депото на МВР.

Истрагата за атентатот на Глигоров не е завршена -а очигледно е дека мрачните сили кои не сакале да се дознае кој го извршил успеале да ги замолчат сите оние кои знаеле нешто повеќе.

За аналитичарите или трагачите по вистината, Скопскиот атентат е инспирација да се заокружи целината да се состави мозаикот да се направи јасна слика . Зоран Доревски на денот кога е извршен атентатот, 3-ти октомври 1995-та година, е помошник-министер за криминалистичка служба во Министерството за внатрешни работи. Директно вклучен во  првичните истражни дејствија по експлозијата на улицата „Македонија“. Во новата книга  верува дека се дава веќе целосен приказ кој и зошто го притиснал копчето на експлозивот.

Но, не е лесно да се најде одговорот по кој пат да се истражува-Братиславска врска, Мулти груп, Србија, Бугарија или дома -многу информации ги носеа често истражувачите во ќорсокак. Доревски смета дека таа треба д асе сконцентриура во три правци. “Мултигруп  влегува во истрагата на 23-тиот ден по атентатот кога тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчковски изјави дека зад обидот за ликвидирање на македонскиот претседател можеби стои мулти национална финасиско економска групација  со седиште во соседна држава. 

Фрчковски смета дека ,, Човек на таа компанија чие име го знаеме на 28-ми септември таа година е дојден во Македонија и во објект на периферијата на Скопје го формирал експлозивот што подцна е користен во атентатот “ Фрчковски не ги посочил имињата.

За оваа компанија Доревски ќе напише:

,, Холдингот воспоставува соработка со бројни македонски компании  во облоаста на трговијата, транспортот , градежништвото , енергетиката… Наведува дека во услови на санкции во регионот Македонија претставува важна транзитна зона за различни стоки кои се движеле кон Србија  и другиу пазари во регионот.

Наведува и дека во повеќе оперативни извештаи се појавуваат информации за можни врски помеѓу одделни компании  блиски до Мултигруп  и мрежи вклучени  во трговија со стратешки суровини, нафта и оружје. Но, самиот архитект на компанијата Илија Павлов на седми март 2003-та година  е погоден со прецизен снајперски истрел  додека излегувал од седиштето на Мулти Груп во Софија. Врската со Србија е Пера Опачиќ-неговото име се појавува во контекст на пошироките врски што Мултигруп ги одржува со српските деловни и безбедносни кругови во текот на деведесетите години.

,, Опачиќ тесно соработува со КОС, а се смета дека оваа служба со директни инвестиции учествувала во развојот на Мултигруп пред се поради олоеснување на трговските процеси за време на ембарговор во СР Југославија. Доревски ќе напише деа во деновите на атентатот Опачиќ често престојувал во Македонија, отседнувал во хотелот Бристол од каде што раководел со бизнис а мо0жеби и со други активности.  Работел во Југоимпорт-југословенска државна компанија чија главнма дејност е трговија, вооружување, одбрамбена опрема и трансфер и технологија.  Најголема компанија во областа на воената индустрија. Мултигруп остана најконтроверзната тема поврзана со атентатот.

Имаше и други врски-најспоменуваната Братиславска врска. Веста прв ја објави весникот Нова Макеоднија Приведени се осум лица со албанска националност под сомнение деа се поврзани со атентатот. МВР ги апси по пријава од странски државјанин  Оттука почнува операцијата Нуиши . Оној кој се јавил да ги каже е Осмо Ватреш, државјанин на Босна и Херцеговина, а се јавувал од Словачка.

Тој како ннаводни организатори и извршители на атентатот посочил лица вклучени во криминални активности -припадници на албанското криминално подземје  во Западна Европа  кои дејствувале во спрега со руската мафија а во мрежата имало и лица од Македонија. Тој како централен лик го посочил Аслан Ниуши од Грчец  кој наводно му кажал на Ватреш за неуспехот на атентатот врз Глигоров и дека експлозивот е обезбеден од руската мафија, но споменувал и дека Ниуши е човек кој работел со Аркан како и дека Жељко Ражњатовиќ  престојувал во Скопје.

По 55 часа испрашување и задржување Ниуши е пуштен -докази за негово учество во атентатѕот немало. Но, и јавувачот Ватреш не е случаен човек-тој најмалку десет пати бил во Макдонија, а секогаш се претставувал со различна професија- од новинар до дипломат. Не е исклучена соработката со КОС, едни велеле дека тој е нејзин соработник други дека е припадник на оваа воено разузнавачка служба, па оттука и можната повторно врска со Србија-дека тој бил инструмент на српските безбедносни структури  и дека тој не се јавил случајно во истрагата. Третиот правец опишан во книгата е Безбедносната служба на Србија и криминалното подземје.

,, Третиот правец води кон военото разузнавање на Србија и можната соработка со одредени домашни структури. Во прилог на ваквата теза се посочуваат настани како што е исчезнувањето на експлозивот од депото на АРМ,  но и дека специфична експлозивна направа  е употребена на денот на атентатот  бидејќи таква може да изработат само искусни воени професионалци.

Двајца политичари од Македонија Стојан Андов и Стево Пендаровски, во свои интервјуа сомнежите ги насочија директно кон Слободан Милошевиќ-поранешен претседател на  Србија подоцна обвинет за воени злосторства на просторите на поранешна Југославија. Иако се сугерира на поврзаност на  военоразузнавачките структури на Србија како што посочува поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов и наши структури, но и политичка поддршка, таа линија и самиот тој вели дека не е истражувана.

Како и во полицијата војската така и во мафијата , подземјето но и плановите за убиства и атентати особено на високо профилирани личности како што бил Глигоров постои хиерархија . Стратегот е нспиратор  кој ангажира планери  оперативци експерти логистичари за на крај еден од нив да ја заврши наједноставната работа-да го притисне копчето на далечинскиот управувач кој го активира екплозивот поставен на улицата Македонија во возилото АМИ

Извршителот е последната алка во синџирот, но зад него најчесто стоела мрежа од посредници контакти , логистичка поддрша, и прикриени врски но тој е опрвата алка во инверзната потрага по целосната вистина.  -ова е вовед за откривање на името., Бранислав Лаиновиќ за кого Доревски ќе напише дека е име кое се појавувало во дел од оперативните проверки, бидејќи во тоа време бил еден од ретките луѓе од српското подземје  со развиена регионална мрежа на контакти, логистичка поддршка и човек со оперативен капацитет да изврши сложена операција  Во Македонија никогаш не е официјално обвинет ниту формално осомничен а освен со подземјето имал врски и со безбедносните кругови на Србија пша е дел и од повеќе регионални истраги .

,, Во перидот пред и по атентатот ја напуштил Македонија  кога македобнските безбедносни служби почнале да проверуваат повеќе оперативни насоки  како бугарска кримиунална врска , српска криминална разузнавачка врска, албански кримнинални структури меѓународни економски интереси поврзани со ембаргото на СР Југославија и поединечни домашни структури.

Дуги Лаиновиќ е ликвидиран на 20 март 2000та бпред хотелот Србија во Белград  -убиен е според наводите од Земунскиот клан.

Снежана Лупевска Созен

Прилогот беше емитуван во емисијата КОД на 04.10.2026.

Jumbo 2