Како изгледа возењето под дејство на алкохол – кумановци со специјални очила видоа колку алкохолот ја намалува способноста за безбедно управување со возило.

Граѓаните ставија специјални очила кои го симулираат нарушеното гледање и намалената координација под дејство на алкохол.
Преку ова практично искуство, полицијата сакаше да покаже дека и најмала намалена способност зад воланот може да биде сериозен ризик за возачот, но и за останатите учесници во сообраќајот.

Активноста ја реализираа Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција.













