Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шест малолетници се уапсени за разбојништво, се заканувале и одземале пари од други малолетници

/

Македонија

Сподели преку :

Шест малолетници се лишени од слобода откако му се заканувале на малолетник со остар предмет и му одзеле пари. Тие имале и уште еден обид на друг малолетник исто така да му одземат пари. Се сомничат за сторено кривично дело разбојништво и разбојништво во обид.

На 04.10.2026 околу 22:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода шест малолетници од Скопје. Тие се сомничат дека со закана, при што едниот од нив употребил и остар предмет, од еден малолетник одзеле пари, а од друг малолетник се обиделе да одземат пари.

По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојништво во обид“ по член 237 и член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Jumbo 2