Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фискалниот совет ќе ги претстави анализите за одржливоста на пензискиот систем и состојбите во Вториот пензиски столб

/

Економија

Сподели преку :

Финансиската и демографската одржливост на пензискиот систем, како и можните насоки за негови реформи, ќе бидат во фокусот на презентација што денеска ја организира Фискалниот совет.

Ќе бидат претставени најновите анализи и проекции за идниот развој на пензискиот систем во Северна Македонија, со посебен осврт на функционирањето и перформансите на Вториот пензиски столб.

Ќе се презентираат клучните наоди, додека извршната директорка на Finance Think, Благица Петрески, ќе ја претстави студијата „Одржливост на пензискиот систем во Северна Македонија“ со симулации на можни реформски решенија.

 

Според најавите, меѓу темите за кои ќе се дискутира се финансискиот јаз во пензискиот систем, влијанието на демографските трендови врз неговата одржливост, можните реформи за обезбедување стабилност на системот, како и приносите и идниот развој на Вториот пензиски столб.

Jumbo 2