Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото) Кобилата која роди ждребе на булевар во Скопје е згрижена во Зоолошката градина

/

Македонија

Сподели преку :

Откако утрово на социјалните мрежи почна да се споделува фотографија од кобила која на булевар во Скопје се породи со свето ждребе реагираа екипите на ЗОО – Скопје.
Тие се згрижени сега на на безбедно и во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман, напиша на Фајсбук градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓивески, кој истакна дека  тоа не е во надлежност на Град Скопје.
„Затоа, ги повикувам Агенцијата за храна и ветеринарство и МЗШВ итно да пристапат кон заедничка, координирана акција, секој во рамките на своите надлежности. Потребни се конкретни мерки, како заштита и соодветно згрижување на животните, одговорност за нивната експлоатација и злоупотреба. Очекувам итен одговор и конкретно постапување. Доколку тоа изостане, ќе ја преземеме иницијативата и ќе ги искористиме сите механизми во рамките на нашите надлежности“, напиша тој на Фејсбук.
Jumbo 2