Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Државното финансирање и изборните реформи ја продлабочуваат политичката конфронтација – ЛДП бара „главните партии“ да вратат четири милиони евра

/

Македонија

Сподели преку :

Милиони евра за политичките партии, а наместо политики – навреди и меѓусебни пресметки. ЛДП бара големите партии да ги вратат средствата што ги добиваат од државниот буџет, обвинувајќи ги дека јавниот простор го претвораат во арена за пресметки и деградирање на политичкиот говор.

Финансирањето на партиите е жешка тема среде обидите за дијалог околу нов Изборен законик, каде што една од темите што треба да се отвори е токму начинот на кој се распределуваат државните средства.

  • „ЛДП бара „главните партии” веднаш да им ги вратат парите на граѓаните, односно сите четири милиони евра што се земаат за финансирање на политичките партии. Граѓаните не можат да врзат крај со крај па уште мора да одвојуваат од својот џеб за „главните партии” да ги користат тие средства за ширење омраза и меѓусебно понижување. Бараме итно враќање на достоинството на политиката“, велат од Либерално демократската партија. 

Наместо политички дијалог, заглавени реформи. Во средата имаше нов обид на партиите да разговараат за реформи на изборното законодавство, но на средбата во Правда, столчињата на СДСМ останаа празни. Министерот за правда, Шасивари, најави дека ќе се обиде лично да воспостави контакт со претседателот на социјалдемократите, Филипче, за да го убеди и тие да присуствуваат на наредната средба на работната група.

Денеска премиерот Мицкоски кажа дека гледа начин како да се откочи дијалогот и ги повика СДСМ, Левица и ДУИ да дојдат на состанок со заеднички усогласен предлог, по што, власта би го прифатила. Претседателот на Владата посочи дека Левица има свои барања, СДСМ сè уште нема јасно дефиниран став, додека ДУИ има предлог кој, според него, не може да биде прифатен, без да открие детали за барањетосо образложение дека разговорите зад затворени врати треба да останат доверливи.

СДСМ ја бојкотира работната група поради несогласувањето со изборните измени, особено со моделот за гласање на дијаспората, но и поради укинувањето на Пржинската влада без консензус.

За ВМРО-ДПМНЕ, услов е да се олесни гласањето на дијаспората од претседателските избори 2029 година.

Петар Догов

Jumbo 2