Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ризик од дефект на управувачот – „Шкода“ повлекува 1,7 милиони возила ширум светот

/

Свет

Сподели преку :

Чешкиот производител на автомобили „Шкода“ повлекува околу 1,7 милиони возила ширум светот поради можен дефект што би можел да доведе до откажување на управувачкиот систем, објави агенцијата ДПА.

Информацијата доаѓа по само неколку дена откако матичната компанија „Фолксваген“ и нејзините брендови „Ауди“ и „Сеат“ повлекоа неколку милиони возила поради истиот проблем.

Повлекувањето ги опфаќа моделите „Кодијак“, „Карок“, „Октавија“ и „Суперб“ на чешката подружница на „Фолксваген“.

Според базата на податоци за повлекување возила на германската Сојузна управа за моторен транспорт (КБА), скршена завртка би можела да предизвика откажување на воланот. Како корективна мерка, завртката на управувачкиот механизам треба да биде заменета со завртка отпорна на корозија.

„Фолксваген“ во соопштение наведе дека при интерни проверки на квалитетот бил утврден можен проблем со управувачот кај одредени возила од различни серии на модели. Портпарол на „Фолксваген“ потврди дека проблемот бил откриен во текот на тие проверки, но не даде дополнителни детали.