Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Василевски продолжува да штрајкува со глад – не го прифаќа одговорот од „Медицински“дека на конкурсот за вработување биле примени најдобрите кандидати

/

Македонија

Сподели преку :

Специјализантот Дарко Василевски не го прифаќа објаснувањето на Медицинскиот факултет дека на конкурсот за вработување биле примени двајцата најдобри кандидати. Тој го продолжи својот штрајк со глад пред деканатот и вели дека нема да се откаже додека не добие правда.
Од факултетот, доцна синоќа, соопштија дека избраните кандидати имале подобри резултати во образование и подобро поминале на интервјуто. Уверуваат дека сите биле еднакво третирани, доктор Василевски не бил дискриминиран како што тврди.

„Комисијата за селекција ги провери доставените документи на пријавените вкупно седум кандидати за работното место на кое конкурираше и кандидатот доктор Дарко Василевски и утврди дека истите се уредни пријави. Со сите пријавени кандидати комисијата спроведе интервју. По спроведеното интервју, Комисијата за селекција предложи два кандидата кои ги исполнуваат општите и посебните услови за засновање на работен однос со Факултетот, пишуваат од медицинскиот факултет.

Се јави и Асоцијацијата на специјализанти – оттаму велат дека веднаш побарале информации од Деканатот, ги добиле и ди прифатиле. Порачуваат сите несогласувања да се решаваат преку институционалните и законските механизми, а не со загрозување на здравјето.

„Согласно критериумите и бодирањето на последниот конкурс, избраните кандидати биле подобро рангирани. Нивниот просечен успех изнесувал 9,29 и 9,21, додека просечниот успех на неизбраниот колега изнесувал 8,20. Неговата возраст од 46 години не претставува критериум за вреднување ниту основ за рангирање согласно конкурсот. Имајќи го предвид здравствениот ризик од штрајк со глад, апелираме колегата да не го доведува во опасност сопственото здравје“,  велат од Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ

Специјализантот Дарко Василевски вчера започна штрајк со глад, откако неколку пати бил одбиен за вработување. Додека од Медицинскиот факултет и Асоцијацијата на специјализанти велат дека во постапката нема неправилности, докторот Василевски продолжува со штрајкот со глад, со кој бара да биде преиспитан неговиот неизбор.

Тамара Марковска

Jumbo 2