Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Газдата на „Пулс“ доби нов притвор – неговата адвокатка вели се работи за конструкција и измислица на Обвинителството

/

Македонија

Сподели преку :

Адвокатката на Дејан Јованов Деко – газдата на Пулс, рече дека не е изненадена, но е вознемирена откако  обвинителството непосредно пред истекот на законскиот рок – до кој газда Деко можеше да остане во притвор, отвори нова истрага за која исто така побара притвор.

Според неа се работи за конструкција на обвинителството, а одлуката за притвор како што рече е однапред донесена. Законскиот рок до која газда Деко можеше да остане во притвор истекува утре, по што тој требаше да биде пуштен од затвор. Но со отворената нова  истрага на Обвинителството и  одлуката на Судот да му се определи притвор , тој останува и натаму во затвор.

Новата истра против газда Деко е за давање поткуп на вработен во економија за да добие лиценца иако  знаел дека објектот не ги исполнува стандардите. Адвокатката Ивана Коцевска рече дека овие наводи веќе се дел од расправата во предметот за трагедијата во дискотеката Пулс, и поради тоа смета дека  обвинителството под притисок на јавноста отвара нова истрага која рече дека е конструкција и измислица.

„Воопшто не ме изненадува што денеска се измислува ова и се предлага притвор. Тие велат дека истражната постапка ја отвориле на 29.09 а се однесува за факти и докази кои обвинителството ги имало уште пред година и пол. Ова е конструкција на обвинителството, само да се продолжи притворот во предметот Кочани,  кој по сила на закон  престанува.

Се работи за злоупотреба на правата на обвинетиот – јас не барам привилегија туку сите подеднакво да се третираат пред законот“ , рече Коцевска.

Коцевска побарала куќен притвор, и поднела гаранција и документи за нарушената здравствена состојба, но како што рече се било одбиено затоа што одлуката веќе била донесена.

 

 

 

Jumbo 2