Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува судењето за „Државна лотарија“ за проневера од речиси 600 милиони денари

/

Македонија

Сподели преку :

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува доказната постапка во предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами и уште шест лица.

Обвинителството досега презентираше документација за работењето на Државна лотарија, набавката на видеолотариски терминали и договорите со странскиот партнер „Казинос Аустриа“.

Одбраната изнесе забелешки во однос на договорните односи, правата за приредување игри на среќа и набавката на опремата.

Според обвинението, обвинетите со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на Државна лотарија од речиси 600 милиони денари.

Сите обвинети досега се изјасниja дека не се чувствуваат виновни.

Jumbo 2