Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Унија да го забрзаат процесот на проширување кон Западен Балкан, повика шефот на германската дипломатија Вадефул

/

Македонија

Сподели преку :

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул ги повика членките на Европската Унија да го забрзаат процесот на проширување кон Западен Балкан, предупредувајќи дека бавниот напредок го загрозува кредибилитетот и влијанието на Унијата во регионот.

Тој оцени дека ЕУ не ги исполнила целосно ветувањата дадени на Самитот во Солун во 2003 година и предупредува на зголемено влијание на други сили, особено Русија и Кина, додека австриската министерка Беате Мајнл-Рајзингер повика на побрзи и помалку бирократски процеси.

Црна Гора, домаќин на состанокот, е меѓу земјите од регионот што најмногу напредувале во пристапните преговори, со затворени 18 од 33 поглавја.

Црногорскиот министер за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ порача дека земјата спровела бројни реформи и дека граѓаните очекуваат конкретни придобивки од европската интеграција.

Jumbo 2