Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека истрагата укажува оти мажот кој нападна пилот на летот од Дубаи кон Тел Авив бил под влијание на „исламистичка радикална индоктринација“.
Тој посочи дека постои можност напаѓачот да имал намера да го урне авионот, но нагласи дека сè уште не треба да се носат конечни заклучоци за мотивот.
Инцидентот се случи во средата, кога авионот со повеќе од 170 лица на два часа од полетувањето нагло изгубил околу 5.200 метри висина.
Напаѓачот, за кого Нетанјаху тврди дека е државјанин на Оман, бил совладан од патници и членови на екипажот, по што авионот безбедно слетал во Табук, Саудиска Арабија.

Нападнатиот индиски пилот Смит Мачар е хоспитализиран и, според индиската амбасада, се опоравува.
Меѓувреме, властите во Обединетите Арапски Емирати започнаа истрага за тоа дали инцидентот бил поврзан со терористичка активност.
Американскиот претседател Доналд Трамп и претставници на ОАЕ во јавноста ја споменаа и можната поврзаност со Иран, но без да понудат конечна потврда.
Флајдубаи привремено ги суспендираше летовите меѓу Дубаи и Тел Авив додека трае истрагата.
Б.С.

Смит Мачар е еден од неколкуте луѓе прогласени за херои затоа што успеаa да му ја одземат контролата на пилотот кој се обидел да го урне авионот. Тој иако покриен со крв успеал да ја отвори вратата од пилотската кабина, дозволувајќи им на патниците и екипажот да влезат и да се совлада напаѓачот и да… Продолжи со читање












