Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Водоводџија, пилот и стоматолог меѓу хероите што го спасија летот на „Флајдубаи“ до Израел

/

Свет

Сподели преку :

Смит Мачар е еден од неколкуте луѓе прогласени за херои затоа што успеаa да му ја одземат контролата на пилотот кој се обидел да го урне авионот. Тој иако покриен со крв успеал да ја отвори вратата од пилотската кабина, дозволувајќи им на патниците и екипажот да влезат и да се совлада  напаѓачот и да се спасат 174 патници во авионот.

Мачер од Мумбаи, се лекува во болница во северозападниот град Табук на Саудиска Арабија, каде што авионот слета безбедно. Индискиот премиер, Нарендра Моди, рече дека Мачар е херој.
-Соочени со најголемата опасност и и покрај тоа што беше сериозно повреден, тој покажа огромна храброст и непоколеблива решителност да ги заштити животите на другите. Неговата храброст помогна да се спасат стотици животи и да се спречи голема трагедија, напиша тој.

 

Јанив Хајoун, исто така бил меѓу оние во пилотската кабина и кој бил избоден. Тој е водоводџија.

Хајoун подоцна раскажал додека луѓето се бореле со напаѓачот „скокнал назад, ги зграпчил контролите и почнал да ги повлекува рачките“, како што гледал на телевизија. Потоа други членови на екипажот ја презеле контролата.

Д-р Шота Мусаев, стоматолог, исто така е меѓу оние што истрчале кон пилотската кабина. Тој за Си-Ен-Ен изјавил дека го затекнале  напаѓачот како на пдоот го боде пилотот. Потоа се стрчал да му помогне на Мачар, „преплашен“ дека ќе умре.

Потоа, останатите  членови на екипажот го стабилизирале спуштањето на авионот и го слетале безбедно. Меѓу оние што интервенирале бил и британски пилот кој не бил на должнос.

-Пилотите кои помогнаа се Европејци, еден од нив Британец, кои влегоа во пилотската кабина и го подигнаа авионот, го повлекоа јаремот, го стабилизираа авионот и нè слетаа во Саудиска Арабија.