Емотивно и тензично на судењето за пожарот во „Пулс“ на кое почна да сведочи градежен вештак ангажиран од првообвинетиот Дејан Јованов Деко.
На прашањата на адвокатката Ивана Коцевска вештакот рече дека во 2012 година во Пулс биле направени занатско градежнни зафати а не реконструкција како што тврдеа 5 те вештаци на обвинителството професори на градежниот факултет
„Овие зафати не може да се именуваат како реконструкција или адаптација, туку градежно-занатски работи во лесен обем во однос на градежништвото. Изведувани се лесни метални конструкции во смисла на ентериерно уредување“, рече Петре Русески, технички советник
Роднините негодуваа и коментираа дека станувало збор за гасна комора а адвокатката на Јованов побара судијката да ја предупреди јавноста да не дофлра. Родитлеите револтирано побараа да не ги нарекува јавност затоа што се оштетени и рекоа – Тој до вас ни ги уби децата. Адвокатката предупреди дека ќе напушти а судијката побара родителите да излезат и им порача дека без нив може да продолжи судењето но не и без одбраната . На излегување од судницата и одговорија И ние не можеме без нашите деца . По кратко време се вратија повторно во судница но во мегувреме на Дејан Јованов му се слоши. Дојде и брзата помош . Поради здравствите проблеми судењето беше прекинато.
Следното рочиште ке продолжи вештакот.Тој е прв од најавените 244 сведоци на одбраната. Родителите порачаа „Се обидуваат да го бранат неодбранливото.
„Јавно прашуваме: кој од нив ќе докаже дека објектот имал законска пренамена, сопствен паркинг и исполнети минимално-технички услови? Кој ќе докаже дека лиценца за салон за теписи важела за дискотека? И кој ќе го оправда непостапувањето на Општината и институциите што го зави Кочани во црно? Обвинетите од обезбедувањето не се на обвинителна клупа затоа што по избувнувањето на пожарот спасувале или не спасувале. Тука се поради сомнението дека не ги исполниле обврските пред трагедијата — кога таа требало да се спречи. Херојство откако сè било во пламен не ја брише одговорноста за она што не било направено претходно. Нека носат сведоци и нека одолжуваат. Но со сведочење нема да направат пренамена, со вештачење нема да создадат паркинг, а со адвокатски говор лиценцата за салон за теписи нема да ја претворат во дозвола за дискотека. Се обидуваат да го бранат неодбранливото. Правдата можат да ја одолжуваат. Вистината — не“, рече Александар Наунов, родител.
Задутре истекува законскиот рок по кој Дејан Јованов не може да остане во притвор за овој предмет. Тој понуди и гаранција од 200 илјади евра дека нема да бега. Судот го чека мислењето на обвинителството.
Елена Ивановска













