Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Македонија постои пропагандна мрежа која работи за руски интерси – тврди тајната служба

/

Македонија

Сподели преку :

Тајната служба АНБ соопшти дека пред 12 дена имале акција и претреси поради сомнежи дека македонски државјанин со свои активности врши пропаганда во функција на руски интереси со што извршил три кривични дела- „Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ „Одавање службена тајна“ и „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Нема појаснување за какви службени тајни станува збор, но е потенцирано дека пропагандата е правена преку интернет портали.

„Преземени се истражни дејствија кон македонски државјанин надоврзан на странски фактори кои се креатори на пропаганден апарат со мрежа на портали интегрирани и во македонскиот медиумски простор“, соопштија од  АНБ

Во акцијата покрај АНБ, учествува и полицијата и Обвинителството. Во соопштението на тајната служба е потенцирано дека во Македонија постои пропагандна мрежа со деструктивна и малициозна агенда.

„Вистинските актери на оваа пропагандна мрежа која е во функција на руските интереси, се кријат преку клонирани псевдо-портали регистрирани со македонски интернет домен. Преку овие псевдо-портали се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани, со што се поткопува довербата во институциите и се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост“, велат од АНБ

АНБ го поврза случајот со мартовскиот кога 30-годишен македонски државјанин беше осомничен поради проруски хибридни активности поврзани со протераниот бугарски државјани Виктор Стојанов, под чија контрола се повеќе македонски веб портали и фејсбук групи, а тој самиот е познат по негирање на македонскиот јазик и македонскиот народ.

Миомир Серафиновиќ

 

Jumbo 2