Пет лекари-интернисти од битолската Клиничка болница се обвинети за несовесно лекување на 40-годишна пациентка, која почина од послидици на тромбоза. Жената за првпат се јавила во болница на 28 мај 2024 година по претходен преглед и упат од матичен лекар, кој изразил сомнеж за воспаление на вените. Но, според Обвинителството, на првиот преглед без детални анализи и испитувања, наместо тромбоза, на пациентката и бил дијагностициран ревматоиден артритис. По дадената терпија таа била пуштена на домашно лекување.
„Не била навремено утврдена вистинската здравствена состојба на оштетената, односно не била откриена и дијагностицирана тромбозата, ниту била навремено преземена соодветна терапија и лекување за таквата состојба“, се наведува во соопштението на Основното јавно обвинителство Битола.
Четири дена подоцна, на 1 јуни, пациентката повторно се вратила во болницата. Овојпат со силни болки во стомакот и влошена општа состојба, била задржана на болничко лекување. Но, во следните четири дена, и покрај отстапувањата во лабораториските и биохемиските резултати, ниту еден од дежурните лекари не направил дополнителни дијагностички испитувања за да се утврдат причините и да се одреди терпаија. Здравсената состојба и по натаму и се влошувала, поради што н 4 јуни, пациентката побарала помош во приватна клиника во Скопје. При итниот хируршки зафат лекарите утврдиле тромбови во артериите, кои предизвикале целосна гангрена на тенкото и дебелото црево. Но, веќе немало можност за оперативно лекување. Пациентката починала следниот ден, на 5 јуни 2024 година.
Иако во упатотот, матичниот лекар изразил сомнение за воспаление на вените, специјалистите интернисти дијагностицирале ревматоиден артритис. Тие се обвинети дека несовесно ја лекуваа 40-годишна пациентка, со што, според обвинението , предизвикаа влошување на нејзината здравствена состојба кое резултираше со смртен исход.
Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинителен предлог против петмината лекари за тешки дела против здравјето на луѓето.
Емилија Мисрилиевска













