Група од 20 криминалци се уапсени во голема полициска акција која трае од вчера. Групата дејствувала повеќе од 15-тина години. Дел од нив се осомничени дека во изминатиот период извршиле тешки кражби и на територијата на Грција, во областа на Халкидики и Калитеа. Групата вршела криминални дејствија и на територијата на Шпанија. Меѓу уапсените има и лице кое побегнало од куќен притвор во Шпанија.
Во акцијата се извршени претреси и во домови на полицајци кои се сомничат дека и помагхале на криминалната група со споделување на информации.
Негегалната заработка ја вложувале и надвор од Македонија. Истрагата проверува дали имот во соседна Србија е купен со „црни пари“’. При вчерашните претреси била пронајдена и готовина во износ од над 120.000 евра, а биле одземени и околу 10 возила, меѓу кои две „Масерати“ и две луксузни возила „Ленд Ровер“. За едното од возилата постојат основани сомненија дека е поврзано со фалсификувана документација.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју рече дека станува збор за сериозна организирана криминална група којашто многу години роварела не само во Македонија, туку и во земји членки на Европската Унија.
Министерот за внатрешни работи информираше и дека член на најтесното семејство на еден од осомничените пред неколку месеци бил уапсен од француската полиција, откако во бункер во неговото возило биле пронајдени 10 килограми кокаин кои требало да завршат Македонија.
Акцијата под координација на Јавното обвинителство, траела повеќе од една година.













