Докторот Дарко Василевски од денеска започна штрајк со глад пред Деканатот на Медицинскиот факултет.
Откако претходно министерката за образование се прогласи за ненадлежна, денеска и министерот за здравство Сашо Клековски кажа дека случајот не е во негов домен. Рече дека е запознаен со случајот, но тоа треба да го реши УКИМ.
Причината за протестот е револт поради последниот оглас за вработување на двајца доктори по медицина на неопределено време во Институтот за медицинска и експериментална физиологија со антропологија, а на кој лекарот и приватен специјализант Дарко Василевски е по третпат одбиен. Тој вели дека јавните огласи за вработување, се спроведуваат нетранспарентно.
Според него, начинот на кој се спроведува селекцијата на кандидати отвора прашања за транспарентноста, критериумите и еднаквиот третман на сите кандидати. Вели дека известувањето за примените кандидати се испраќа преку мејл, без правна поука и без објаснување врз основа на кои критериуми се избрани примените кандидати. Обвинува и дека е дискриминиран поради неговата возраст.

Лекарот и приватен специјализант Дарко Василевски најави дека ќе штрајкува со глад откако по третпат бил одбиен на јавен оглас за вработување, кој според него, е спроведен нетранспарентно. Тој штрајкот го најави во отворено писмо до Министерството за здравство, Деканатот на Медицинскиот факултет Скопје и до МОН. „Со ова писмо јавно го изразувам моето длабоко… Продолжи со читање













