Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ивановска: Нацртот на ДУП-от за Барутана е порачка на приватен интерес, затоа „паричка буши, народ се гуши“

/

Македонија

Сподели преку :

Спротивставените политички партии неслучајно го гласаа Нацртот на Деталниот урбанистички план, рече Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) која е дел и од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“, во вечерашното издание на „Топ тема“ на ТВ Телма, алудирајќи на Општина Центар и вцртаните плацеви во месноста Барутана на Водно 

„Зборуваме за еден предел во Скопје, на скопско брдо Водно, кој што од гол предел, без дрва, свесно тогашните наши предци, генерации претходно, го пошумувале за да се намали штетата на градот, цели села се исселувале од таму за да се заштити градот Скопје и да се пошуми тоа брдо. И сега од тогаш, во 2009 година за првпат на некој му текнало да вцртува парцели таму. И оттука почнува голготата на тој дел од Скопје. Порачката за да се прави тој Детален урбанистички план е токму од еден сопственик на плацот. Тој нормално дека ќе си го гледа својот приватен интерес, а нема да го гледа јавниот интерес. Туку прашањето е каде се институциите? – Зошто институциите постапуваат по порачка на приватниот интерес, заборавајќи ги граѓаните и народот да се гуши. Затоа што тоа ако таму се спроведе, ќе биде многу ризично“, смета Ивановска.

Тоа додава дека планер во тој случај е истиот што го црташе Деталниот урбанистички план кај „Холидеј Ин“.

„Значи се се врти тука во еден ист круг. А самиот простор е толку стрмен, што Општината треба да потроши многу пари, и не се кажува пресметката колку многу пари, за да направи сообраќајна инфраструктура, објектите таму да имаат пристап. И тоа е толку многу скапо, што поевтино ќе биде да ги откупат парцелите, да си се врати се во првобитна положба, отколку да прваат било што таму и да биде ризично за граѓаните. Затоа што и други стручњаци кажуваат дека одоздола земјата била глинеста, да лизга одоздола и да биде многу ризична за живеење. Да не збориме дека не може пожарна да влезе, дека ќе биде тешко амбулантно возило да влезе, да не зборуваме дека целиот тој сообраќај натаму ќе се оптовари. Нема никаква логиика, освен интерес. И нормално, кај буши паричка, народ ќе се гуши“, вели Ивановска и додаде дека цело Скопје се гуши од корупција.

„Па видете само во Општина Центар што е. Дали една парцела има 20-30 отсто зеленило? – Никој нема. А, колку има бетон. Значи Општина Центар – Општина Бетон“.

С.Д.

Jumbo 2