Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Совет на Европа: Примени 195.000 барања за надомест на штета од руската војна во Украина

/

Свет

Сподели преку :

Регистарот на штети во Украина примил 195.000 барања од физички, правни лица и државата Украина за надомест на штета, соопшти денеска Советот на Европа, кој го воспостави регистарот во 2023 година како свој орган. Од 195.000 примени барања, досега се обработени повеќе од 65.000.

Регистарот, како што е најавено, ја отвори последната група категории барања за надомест на штета предизвикана од руската агресивна војна, со што вкупниот број на категории се искачи на 43.

Сега може да се поднесат барања за надомест за губење на пристап до здравствена заштита и образование, како и за штета на животната средина и природните ресурси на земјата.

Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, изјави дека „Регистарот на штети во Украина е правно сведоштво за таа неправедна војна“.