Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Критиката на опозицијата дека владата го кочи евроинтегративниот пат за Мицкоски е радикализам од Али Експрес

/

Македонија

Сподели преку :

Обвинувањата на опозицијата дека е неискрен и го кочи евроинтегративниот пат, за премиерот се радикални. Тврди дека во петок ќе ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, со јасни аргументи и подготвеност за дебата.

–Не знам дали понекогаш вреди да се коментира ставот на опозицијата, кој секој ден е, би рекол, сѐ порадикален и личи како да се дојдени од некоја испорака од „Али експрес“ на некоја друга опозициска партија. Нашиот став е јасен, нашите аргументи се јасни, ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и на крајот од денот да најдеме решение, изјави Христијан Мицкоски, премиер.

Тридневната посета на Западен Балкан, Фон Дер Лајен ја почна денеска од Албанија, додека утре ќе ги посети Косово и Црна Гора. Посетата ќе ја заврши во Скопје, каде освен со премиерот Мицкоски, ќе се сретне и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Овојпат нема да ги посети Србија и Босна, поради претстојните парламентарни избори.

Се очекува на средбите да се зборува за најавените нови патокази, но и новата економска политика за која денеска пишува и во медиумот„Политико„.Се тврди дека Унијата ќе ја отвори својата огромна економија за земјите што чекаат да се приклучат на нејзините редови, под услов да се согласат да застанат на страната на блокот против непријателските држави и индустриските соперници.

Според нацрт-предлогот на Европската комисија што го цитираат, земјите-кандидатки ќе добијат понуда за „постепена интеграција“ во единствениот пазар, вклучително и трговија како и пристап до истражувачки програми.

Во прегледот на придобивките „пред проширувањето“ што ќе им се понудат на земјите-кандидатки, се вели дека со ова би се „отвориле можности за бизнисите на Унијата, би се зајакнале европските вредносни синџири и би се намалиле стратешките зависности„.

Комисијата ќе идентификува каде усогласеноста на регулативата и капацитетот овозможуваат подлабоко учество во истражувањето, иновациите и индустриската соработка, како и поширок пристап до пазарот.

Прегледот наводно е надгледуван од врвниот советник на фон дер Лајен, Александар Адам, поранешен помошник на францускиот претседател Емануел Макрон, и радикално би го преобразил пристапот на ЕУ кон земјите во нејзиното соседство.

Сепак, придобивките ќе зависат од тоа дали земјите ќе го направат својот дел: „Каде што овие обврски не се исполнети, учеството мора да остане реверзибилно. Пристапот треба да се суспендира или повлече каде што е оправдано“.

Повторно се тврди и дека, на Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора ќе им бидат понудени „патокази“ дизајнирани да го забрзаат процесот на приклучување во наредните години.

Далиборка Демјанска

Jumbo 2