Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Двајца Мицкоски – еден арамија, во опозицијата против рудникот Иловица а на власт ЗА распродажба

/

Македонија

Сподели преку :

„Двајца Мицкоски, еден од опозиција, вториот на власт. Како што седна во фотелјата така ги смени ставовите. Во 2023, додека беше опозиција, Мицкоски беше против отворање на рудникот Иловица и зборуваше дека „се брани приватен интерес на сметка на колективниот интерес на граѓаните во тој регион“, велат од СДСМ.

Како што истакна на денешната прес-конференција Богданка Кузеска Мицкоски најавувал дека идната влада на ВМРО ќе го решава случајот, но сега се сменети ставовите, сега 5 нови рудници турка да се отворат.

Прашањето е просто: ако во 2023 здравјето на луѓето вредеше повеќе од рудник, зошто истиот принцип не важи за антимонот денес?

Во 21 век не можат чиста и здрава вода да обезбедат.  Не можат да го решат проблемот со фекалиите во водата.

11 недели нема извештај за водата во Гостивар, 50 населени места се со загадена вода, за Лепенец и Вардар нема одговорност.

Има ли некој што верува дека антимонот нема да заврши во водата? Концесиите за Иловица ги даде ВМРО во 2012 и 2013. Мицкоски тогаш беше во кругот на Груевски, потсети Кузеска.

Jumbo 2