Во повеќе градови низ државата од рано утрово специјални единици и униформирани полициски службеници се распоредени на терен, а МВР преку Бирото за јавна безбедност спроведува претреси на околу 30 локации.
Операцијата е координирана и е дел од поширока истрага насочена кон сомнителна организирана криминална структура.
- Одделот за организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведува акција во повеќе градови во државата за сторени кривични дела од областа на неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги по завршување на акцијата, информираат од МВР.













