Владата препорача вработените во институциите сместени во објектот на „Нова Македонија“ привремено да работат од дома.
Мерката е превентивна и ќе важи додека не се создадат безбедни услови за враќање на вработените во зградата.
Во објекткот се сместени повеќе министерства, меѓу кои министерстото за образование и наука, за локална самоуправа, за јавна администрација и за дигитална трансформација, како и неколку државни институции – Државната изборна комисија, Агенцијата за администрација и Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини.
Засега нема пријавено материјална штета во институциите.
Надлежните служби продолжуваат со санација на дефектот, по што ќе се знае кога објектот ќе може повторно да функционира во нормални услови.
Телма информираше дека пукнала топловодна цевка на вториот кат, по што водата ги поплавила просториите на долните катови.
Обезбедувањето го забележало дефектот и веднаш пријавило, по што, поради безбедносни причини, биле исклучени и водата и електричната енергија.
Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томевски, рече дека за целосно санирање ќе бидат потребни неколку дена.
Тамара Марковска

Пукната цевка за парно греење ги остави без електрична енергија министерствата и државните институции кои се наоѓаат во зградата на поранешна „Нова Македонија“. Ноќеска, по полноќ, пукнала топловодна цевка на вториот кат, по што водата ги поплавила просториите на долните катови. Обезбедувањето го забележало дефектот и веднаш пријавило, по што, поради безбедносни причини, биле исклучени… Продолжи со читање













