Француските средношколци ги блокираат училиштата, барајќи подобри услови за образование. Протестите прераснаа во судири со полицијата, при што учениците палеа канти за отпадоци и фрлаа разни предмети кон полицајците.
Демонстрациите пред средните училишта траат цела недела. Учениците се незадоволни од пренатрупаните распореди, преголемите паралелки и недостигот на наставници, пренесува „Еуроњуз“.
Проблем претставуваат и прегреаните училници по неодамнешните топлотни бранови.
Во Лил, во северна Франција, маскирани ученици се собраа пред средното училиште „Сезар Баџо“. Според извештајот на фотограф од агенцијата АФП, тие палеле канти за отпадоци и уништувале автобуски постојки и рекламни паноа. Фрлале шишиња, калдрма и други предмети кон полицијата, која возвратила со солзавец.












