Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еден осомничен за тероризам, двајца за неовластено поседување оружје – Обвинителството со првични детали од истрагата за тероризам

/

Македонија

Сподели преку :

(Фотографијата е илустрација)

Едно лице е осомничено за тероризам, додека уште двајца се осомничени за неовластено поседување оружје, соопшти обвинителството по вчерашната акција против терористичко-криминална група.

Првоосомничениот е жител на населбата Ченто, а надлежните вчера извршија претреси во 10-тина објекти и првично приведоа 5 лица. При претресите беа најдени повеќе парчиња автоматско оружје, пиштоли, ножеви, знамиња на ИСИС, но и компјутери за копање крипто валути. Се истражува дали припадниците на групата се занимавале со лихварство и нелегална трговија, како и други насилни дела.

  • Наредбата за спроведување истражна постапка се темели на докази обезбедени во текот на претходно спроведена предистражна постапка, на документација и докази од предмет што е во фаза на судење, како и докази обезбедени преку меѓународна правна помош, соопшти Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое побара и 30-дневен притвор за осомничените.

Во акцијата водена од Обвинителството учествуваше тајната служба АНБ и полицијата.

Jumbo 2