Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петмина приведени, запленето оружје и знамиња на ИСИС во акција против терористи во скопско

/

Македонија

Сподели преку :

(фото архива)

Се очекуваат повеќе информации од обвинителството за акција која се одвиваше вчера во скопскиот регион против радикална група со терористички врски, која исто така дејствувала и како организирана криминална група, која се занимавала со лихварство, нелегална трговија и насилни активности.

Според првичните информации, во акцијата учествуваат и тајната служба агенцијата за национална безбедност и полицијата, под раководство на обвинител од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Приведени се петмина, меѓу кои и жител на населбата Ченто, кој 15-тина години бил под радар на безбедносните служби поради своите радикални активности.

Телма дознава дека при претресите на над 10-тина локации најдени се повеќе парчиња автоматско оружје, пиштоли, ножеви, знамиња на радикалната група ИСИС, но и компјутери за копање на крипто валути.

Од обвинителството вчера кратко потврдија се уште траат претреси и распити, по завршувањето ќе бидат соопштени повеќе информации.

Jumbo 2